Откако утрово адвокатот Јовица Страшевски, кој е банител на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, во случајот ТНТ, обзнани дека поротничката со истечен мандат вчера поднела оставка, а подоцна под притисок на првиот човек на Основниот кривичен суд Иван Џолев, се предомислила со реакција се јави судот.
Според Основниот кривичен суд Скопје, новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски, кој како што вели, беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи, се вели во реакцијата.
„Неспорен е фактот дека судијата – поротник вчера побара прием кај претседателот на судот на кој му се пожали дека прима закани да се откаже од постапување во конкретниот предмет за што е доставена и изјава. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се согласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Но, зачудува фактот како адвокатот кој официјално е на одмор и неможе да се појавува на закажани судења, денеска повторно продолжува со прозивки и притисоци? Како и од каде адвокатот би знаел какви дописи се доставуаат до судот, од други лица, кога истите се доставуаат само до приемното одделение? Како се дозволува некој и понатаму да влијае на судиите и судиите – поротниции надвор од судница“, реагира Основниот кривичен суд Скопје.
Судот повторно апелира до Министерството за правда, Адвокатската комора, Судскиот совет и јавниот обвинител да преземе соодветни мерки и да го заштити судот, бидејќи доколку овие „методи“ вродат со плод, истите може да бидат применети и во сите други судски постапки, велат од судот.