Собраниската Комисија за здравство денеска ќе ја одржи 33. седница на чиј дневен ред е Предлог-закон за контрола на опојни дрои и психотропни супстанции во прво читање.
Со спроведувањето на одредбите на Предлог – законот за контрола на дроги и психотропни супстанции е предвидено основање на Агенција за контрола на одгледувањето и производство на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, поради што е потребно да се обезбедат плати и надоместоци во почетокот за најмалку пет вработени и директор на Агенцијата (околу 3,2 милиони денари на годишно ниво), како и простор, опрема и тековни трошоци за работа. Согласно очекуваниот зголемен обемот на работа во Агенцијата предвидено е во наредната година зголемување на финансиските средствата на Агенцијата согласно зголемениот обем на работа, како и зголемување на бројот на вработените лица.
Со новиот Предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, при тоа почитувајќи ги меѓународните Конвенции и европското законодавство што ја рагулира материјата.
Досега во Република Северна Македонија одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата имат добиено 29 фирми, со тенденција тој број да се зголемува. Интересот за инвестирање во Република Северна Македонија за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис.
Целта на донесувањето на нов закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции е спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на недозволено производство и промет на опојни дроги, психотропни супстанции и растенија од кои може да се добие опојна дрога, и супстанции кои можат да се употребат за производство на опојни дроги или психотропни супстанции и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на употребата и на квалитетот на опојните дроги и психотропните супстанции.
Преку исполнување на целите за донесување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, треба да се обезбеди систем на размена на информации меѓу институциите надлежни за борба против дрога кој во сегашни услови е делумично воспоставен, воспоставен контролен механизам на производи кои во сегашни услови легално се продаваат како лекови „за издигнувања”, како „истражувачки хемикалии”, „растителна храна” и „купки за релаксација” а науката ги препознава како нови опојни или нови психотропни супстанции, oвие производи претставуваат значајни предизвици во јавното здравје, систем за рано предупредување и брза размена на податоци за производство, трговија, употреба и ризици од појава на нови психотропни супстанции и спречување на негативни ефекти по здравјето на луѓето, преку брза размена на информации со надлежните институции на национално и европско ниво.
Покрај тоа, ќе се изврши разграничување на термините: одгледување канабис за медицински цели и одгледување на коноп за индустриски цели, што се користи исклучиво за производство на влакно, семе за исхрана на животни, ќе се регулира рекламирањето на растението канабис, производите, препаратите, екстрактите и тинктурите од растението канабис во конечен облик, ќе се допрецизираат надлежностите на органите одговорни за спроведување на законот и подзаконските акти донесени брз основа на овој законот, ќе се дадат овластувања на јавна здравствена установа што ќе ги врши работите на Центарот за третман и намалување на штети од злоупотреби на дроги од министерот за здравство и ќе се изврши усогласување на законот со европското право во оваа област.
На овој начин државата ќе ја исполни својата обврска да воспостави однос на регулираната присатност на овие супстанции која се потпира на правните, политичките, здравствените и моралните начела кои треба да осигураат услови дека ваквите супстанции кои се достапни за медицински цели мора да ја заштитат својата популација од злоупотреба и зависност.