ОБСЕ: Неопходни се фер избори, без говор на омраза

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа

135

Мисијата на ОБСЕ во Скопје изразува осуда на сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција.

На својата официјална страница на Фејсбук, мисијата на ОБСЕ ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етничка, верска или друга основа.

– Предизборните периоди се времиња кога државите се особено ранливи на говор на дискриминација и нетолеранција, што може да доведе до сериозни последици. Податоците на Мисијата и на локалните НВО од изминатите седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Северна Македонија историски бележат пораст за време на предизборните периоди, особено по основ на етничка и политичка припадност – се наведува во апелот ОБСЕ.

Мисијата додава дека ова е особено важно време за државата, имајќи ги предвид спроведувањето на стратешките цели на С. Македонија. ОБСЕ посочува и дека слободни, фер и избори без говор на омраза се неопходни за земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...