Во народната кујна во црквата Св.Петар и Павле, донираат и се хранат и православни и муслимани

Вчера ја посетивме единствената црковна народна кујна во Скопје, онаа во црквата Свети Петар и Павле во општина Ѓорче Петров и го сретнавме скопјанецот Стефан кој од пред некоја година, наместо да прави домашна 'фешта', за својот именден на 9.јануари донира храна како помош за сиромашните. Но не донираат само христијаните....

682

Кога ќе ги чистите садовите и чиниите од храната која ви останала од празниците, сетете се и на тоа дека според податоците на Организацијата за храна на Обединетите Нации (FAO), на секои 10 секунди умира од глад по еден човек во светот, сетете се дека не само за празничната, туку многу луѓе немаат средства ниту за најскромната секојдневна трпеза.

Но, токму како што многу луѓе се смрзнуваат во своите домови, додека други безмилосно горат со кубици дрвја за т.н.Бадникарски оган, така и додека многу луѓе гладуваат, други упорно купуваат премногу храна која на крајот завршува во контејнер.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...