Пејачката Мајли Сајрус (27) имаше бурна година зад себе, со оглед дека после само половина година брак се разведе од актерот Лиам Хемсворт (29), а потоа беше во врска со блогерката Кејтлин Картер, која исто така не опстана.
Во првите денови од новата, 2020 година ги израдува фановите со нова музика, но не одлучила само тоа да го промени на почетокот на годината. Изгледа дека решила сè да биде ново, па така ја променила и фризурата, но некои обожаватели ѝ порачале дека во новата година „би можела да ја измие косата“.
„Односно, би можела и цела да се искапеш“, „Колку си побогата, толку полошо изгледаш“…, се само некои од негативните коментари.
„Нова фризура. Нова година. Нова музика“, напишала Мајли покрај фотографијата која ја објавила на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT