Искршено е стакло и украдени се предмети во прес центарот на МИА

1239

За време на божикните празници искршено е стакло и е влезено во прес центарот МИА, објект во изградба, на Медиумската информативна агенција.

Укредени се предмети во сопственост на АД МИА и е направена материјална штета во износ од околу 750 евра, информираат од агенцијата.

Полицијата направи увид, по што ќе биде поднесена соодветна пријава за тешка кражба против непознат сторител. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...