Жителите на Центар ќе добиваат по 1,5 денари за секое пластично шише

1735

Јавното претпријатие „Паркинзи Оптина Центар“ ќе постави машини за рециклирање на пластични и стаклени шишиња преку кои ќе се добиваат пари за паркирање. Како што истакнаа оттаму, веќе се набавени 9 вакви машини, а до крајот на годинава ќе бидат купени уште 18. Нивното поставување, велат оттаму, ќе почне од почетокот на март и за секое фрлено шише граѓаните ќе добијат по 1,5 денар.

– Парите жителите на општина Центар ќе ги собираат на нивната картичка „Грин пеј карт“, со која ќе можат да купуваат со попусти во одредени маркети, продавници, локали или да ги плаќаат услугите кои ги нуди претпријатието. За овој проект Општина Центар има предвидено субвенции во буџетот за 2020 година, со што, за секое рециклирано шише обезбедени се 1,5 денари. На овој начин ќе ја подигнеме свеста кај граѓаните за рециклирање – рече директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, Васко Кичевски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...