Кошаркарот на Жалгирис Џок Лендејл ќе донира по 100 долари за секо забивање или тројка на утрешниот меч против Реал Мадрид во Евролигата како помош за неговата родна Австралија која е погодена од катастрофални пожари.
Лендејл, кој е роден во Мелбурн, оваа сезона бележи просек од 10,8 поени и 4,1 скок по натпревар за литванскиот тим.
– Сакам да ја искористам прилика и да помогнам на заедниците во Австралија. Се надевам дека ќе предизвикам реакција и кај останатите колеги да помогнат – рече Лендејл за клупската телевизија на Жалгирис.
Мечот меѓу Жалгирис и Реал е утревечер во Мадрид.
Денеска, донација во висина од 750 илјади долари за својата татковина собраа австралиските кошаркарки од НБА-лигата.