Италијанскиот фудбалски шампион се подготвува да зададе силен удар на Наполи со привлекување на Дрис Мертенс. Договорот на Белгиецот со наполитанците истекува на крајот на сезоната и многу веројатно е дека нема да потпише нов поради заладените односи со клупското раководство.
За неговите услуги досега интерес пројавија Рома и Интер, а од денеска во ред за белгискиот репрезентативец застанува и Јувентус.
Мертенс е втор најдобар стрелец во историјата на Наполи. Има три гола помалку од Словакот Марек Хамшик, па евентуална реализација на трансферот ќе претставува нов силен удар за навивачите на „Сан Паоло“, сличен на оној со Гонзало Игуаин.
ФОТО: EPA / FEDERICO PROIETTI