Обезбедени плус 1500 вакцини против грип за лекарите, дозите за граѓаните неизвесни

Според изјавите на Филипче во ноември минатата година, „најавената донација вакцини е од Центарот за истражување во САД преку една нивна фондација и ако е потребно, ќе стигнат во нашата земја“. А вакцината против грип може да се прими во кое било време, пикот во Македонија се очекува кон крајот на јануари и во текот на февруари, затоа не е доцна за вацинирање, напротив - тврди д-р Микиќ.

134

Веќе се обезбедени бесплатни вакцини за приближно 1500 здравствени работници а се прават напори да се обезбедат дополнителни количини на бесплатна вакцина против грип за граѓаните, информираат од Министерството за здравство, но не прецизираат дали и кога во земјава ќе пристигнат новите дози вакцини.

Во врска со тоа дали населението смее сè уште да прима вакцина против грип, ако стасаат нови дози, со оглед дека се зголемува бројот на заразени од ова заболување –  веќе се пријавени повеќе од илјада грипозни, д-р Владимир Микиќ, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, појаснува:

– Вакцината против грип може да се прими во кое било време, пикот во Македонија се очекува кон крајот на јануари и во текот на февруари, затоа не е доцна за вацинирање, напротив – тврди д-р Микиќ.

За некој да се стекне со имунитет против ова заразно заболување, треба да поминат  две до три недели од примањето на вакцината.

Инаку, за оваа сезона беа набавени вкупно 28 илјади бесплатни вакцини, наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Вон овие бесплатни вакцини, Центрите за јавно здравје набавија и 21.000 комерцијална вакцина, кои брзо беа потрошени.

Кога се најавуваше почетокот на бесплатната вакцинација кон крајот на ноември минатата година, во врска со тоа дали околу 50.000 дози вакцини ќе бидат доволни, Филипче изјави дека проценката за количината вакцини против грип била направена врз основа на интересот од минатата година, а најави и дополнителни дози вакцини.

Според изјавите на Филипче во ноември минатата година, „најавената донација вакцини е од Центарот за истражување во САД преку една нивна фондација и ако е потребно, ќе стигнат во нашата земја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...