Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф денеска изјави дека ракетниот напад врз американски цели во Ирак се „легитимна самоодбрана“.
– Нашата акција е легитимна самоодбрана и САД би требало да ги избегнуваат процените засновани врз илузии – наведе Зариф.
Тој претходно на Твитер напиша дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со членот 51 од Повелбата на Обединети нации врз базите од каде е преземен „кукавичкиот напад“ врз ирански државјани.
– Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресијата, напиша напиша Зариф на Твитер.