ОБНОВЕНО Болничарите и возачите од февруари со 5 отсто повисоки плати, администрацијата без зголемување

Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал, рече Филипче.

514

По два протести техничкиот персонал во здравството успеа да се избори за покачување на платите.

Болничарите и возачите од февруари ќе добијат за 5 проценти повисоки плати, пренесе телевизија Сител.

Без покачување остана само администрацијата за која министерот Венко Филипче и на прес-конференцијата во Владата вели дека не може да се издвои од останатата администрација.

Од 20.000 здравствени работници 18.300 од февруари ќе имаат поголеми примања.

Најголема плата, поголема за 40 отсто од февруари ќе добијат клиничките лекари.

За покачувањето на платите во здравството издвоени се 18 милиони евра.

Повисоки плати од следниот месец ќе добијат здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал.

Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот на Клинички центар постигнаа договор за анексите на двата колективни договори и тој е потпишан неколку дена пред почнување со работа на техничката влада, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, јави МИА.

Според него, станува збор за договор до кој дошло по инклузивен и отворен процес на социјален дијалог, кој го воделе во континуитет во изминатите години, имајќи предвид, како што рече, дека ова зголемување на платите е практично трето  во последните две години, а четврто ако се вклучи и зголемувањето на процентите за дежурства.

Новото последно зголемување, здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени соработници и младите лекари специјализанти и помошно техничкиот персонал ќе го добијат од февруари годинава, со мартовската исплата. Има зголемување од 20 отсто за наставниот кадар, за лекарите специјалисти ширум државата е предвидено зголемување од 25 отсто, општите лекари – 15 отсто, медицинските сестри – 10 отсто, здравствените соработници 5 отсто и исто толку проценти за помошно техничкиот персонал, рече Филипче.

Тој потенцираше дека и сега на некои клиники платата достигнува 100 илјади денари.

– Веќе сега на некои клиники каде има голема комплексност, пр. хируршки клиники, со дежурствата платата достигнува 100 илјади денари. Но, од февруари на сите клиники платата ќе биде 100 илјади денари, некаде може да се надмине, а сериозно ќе се доближи помеѓу 85 и 110 илјади денари, во зависност од дежурствата во општите болници ширум земјата, истакна министерот Филипче.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски на прес-конференцијата изјави дека ова е најголемото покачување кое досега се случило во државата и е во однос на лекарите специјалисти.

– Потпишувањето на анексот на колективниот договор во делот на покачувањето на платите на здравствената дејност, конктретно на здравствените работници, медицинските соработници и помош на техничкиот персонал, е во насока на една потврда, на еден добровоспоставен социјален дијалог на Министерството за здравство, а воедно и една потврда на активностите на владата, во насока на давање на еден одреден приотитет на здравството во делот на јавниот сектор. Можам да кажам дека ова е најголемото покачување кое досега се случило во државата и е во однос на лекарите специјалисти, рече претседателот на Каранфиловски.

Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Горан Беговиќ истакна дека е задоволен што се успеа да се покачат платите на помошно техничкиот персонал.

– Би истакнал е дека 2020 година е борба за нас да го иземеме нашиот административен персонал од останатиот административен персонал, и согласно тоа во рамките на нашиот колективен договор, ги покачуваме и за нив платите. Би истакнам дека сме многу задоволни што успеавме за помошно техничкиот персонал  да ги покачиме платите. Што се однесува до здравствениот персонал и докторите би бил нескромен да не кажам дека ова е големо зголемување. Во рамките на дежурствата можам да се сложам со министерот, и дека некои колеги зимаат и повеќе и секако тоа е за поздравување. Во понатомашниот период остануваме да се бориме за административниот персонал, наш, здравствен, и нашиот административен персонал да се иземе во однос на специификата на работата од останатиот административен персонал, нагласи д-р Беговиќ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...