Дали сте знаеле дека постои врска помеѓу формата на овошјето и зеленчукот и органот што го лекуваат?
Различни намирници штитат различни органи во телото. Одредени намирници ги штитат токму оние органи на кои личат, а за тоа денес малку се знае.
Ако малку размислите, ќе забележите дека природата веродостојно се потрудила кога се во прашање сличностите.
Морков – очи
Напречниот пресек на морковот личи на човечко око. Морковите се полни со витамини и антиоксиданти, како и со бета-каротен, кој ги намалува шансите од водечката причина за губење на видот кај повозрасните лица. Науката докажала дека морковот го поттикнува доводот на крвта во овој орган и ја подобрува функцијата на очите.
Орев – мозок
Изгледа како мозокот, а брчките и наборите на јадрото личат на мозочната кора. Научно е докажано дека оревот помага во развојот на функцијата на мозокот. Од научно гледиште, плодовите на оревот се богати со омега-3 масни киселини кои навистина се неопходни за здраво функционирање на мозокот. Според тоа, нема дилема во тврдењето дека оревот дејствува врз најважниот орган на човечкиот организам, кој прави да бидеме тоа што сме и 24 часа дневно управува со нашето тело и ум.
Целер – коски
Долгите стебленца на целерот изгледаат токму како коски, а истовремено, целерот е и корисен за коските. Целерот е одличен извор на силициум, кој е дел од молекуларната структура што им дава сила на коските. Покрај оваа сличност, постои и друга, а тоа е што коските содржат 23 отсто натриум во себе, исто како и целерот.