Два земјотреса утрово го стресоа Штип

632

Во 8 и во 8.15 часот утрово се регистрирани земјотреси со епицентри на 77 километри југоисточно од Скопје и се почувствувани во Штип и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека според досегашните податоци нивните Рихтерови магнитуди изнесувале 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес.

– Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – информира Сеизмолошката опсерваторија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...