Претседателот на СДСМ Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада.
– Честитки @sanchezcastejon за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа, напиша Заев на својот Твитер налог.
– Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО – додаде Заев.