Груевски со Божикна честитка од Будимпешта

5014

Експремиерот и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски преку Фејсбук, по повод  Божик порача дека Македонија мора да стане гордост на нејзините граѓани.

– Да стане достоинствено место за живеење, побогата и поправедна земја со посплотен народ во неа. Посакувана за живот а не за заминување.

Позитивната да ја надвладее негативната енергија. Оптимизмот да го победи песимизмот. Меѓусебните помагања, разбирање, толеранција, охрабрувања и позитивни поттикнувања да се повеќе од меѓусебните расправии, нетрпеливост, бесконечни меѓусебни критики и омаловажувања, пишува меѓудругото Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...