Владиката Петар на Божиќниот ручек во Прилеп рече дека треба да се воведе веронаука во училиштата преку која ќе се постигнела духовната обнова на народот.
– Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби – додаде Митрополитот Петар.