Хрватската полиција привела шеесетгодишен маж од Кутина под сомнение за криволовство.
Полицијата потврдила дека осомничениот од 15 до 31 декември лани во шумата на Природниот парк Лоњско поле со јаже за дрво прицврстил рачна бомба за да улови дивеч, со што ги довел во опасност луѓето кои се движат во шумата.
Полицијата кај него нашла девет рачни бомби и пет куршуми и се товари за недозволено држење на оружје.