„Икеа“ ќе плати 46 милиони долари за смртта на дете врз кое падна нејзин шкаф

3849

Шведската компанија за мебел „Икеа“ се согласи да плати огромна отштета на семејство од Калифорнија, чие мало дете е убиено од фиоки од плакар произведени од фирмата, пренесува Би-би-си, објави Канал 3.

„Икеа“ ќе им плати 46 милиони долари на Џолин и Крег Дудек, кои поднеле тужба против компанијата, откако превртениот шкаф го уби нивниот двегодишен син Јозеф Дудек.

Адвокатите на семејството откриле најмалку 10 случаи во последните години, во кои плакарите на „Икеа“, особено линијата МАЛМ, предизвикале смрт.

Двегодишниот Јозеф Дудек се задушил во 2017 кога фиоките произведени од оваа фирма го поклопиле во неговиот дом во Калифорнија. Мебелот тежок 32 килограми и висок 76 сантиметри една година претходно бил повлечен од продажба од безбедносни причини откако загинале три други деца.

FOTO: Јутјуб/Скриншот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...