Мицкоски: Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа

149

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централната свечена божествена литургија по повод празникот Раѓањето Христово – Божик на која присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Премиерот Спасовски по завршувањето на литургијата во изјава за медиумите на сите граѓани кои денеска го слават Рождеството Христово им го честиташе празникот. Тој посочи дека ова е празник на чесноста, на храбри одлуки и активности на дело.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски на сите верници од православна вероисповед им ги честиташе новогодишните и божиќните празници и им посака многу здравје, бериќет, успеси во нивните семејства и да бидат среќни. Се разбира, посочи, човек кога е среќен е најзадоволен.

– Позади нас е година на порази, следува година на победи. Тоа кое јас како божиќна порака сакам да го упатам до христијанските верници, но и сите останати граѓани на Република Македонија е да се почитуваат, да се разбираат меѓу себе, бидејќи самопочитувањето е она кое нас не прави побогати. Сето останато ќе си дојде. Почитувајте се, сакајте се, има надеж за оваа наша Македонија, а надежта допрва доаѓа – рече Мицкоски.

Бадниковата паричка, додаде, паднала кај неговата сопруга.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...