Пендаровски: Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести

134

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска упати честитки до сите православни верници во земјата по повод големиот празник Раѓањето христово – Божик.

– Сакам на сите православни верници во земјата да им го честитам овој празник, еден од најголемите во христијанството – Денот на Христовото раѓање, и да им посакам овие празнични денови да ги поминат со своите најблиски, со своите семејства во мир, спокој и радост. Бидејќи се наоѓаме на почеток на нова година, на сите граѓани на нашата земја да им посакам поспокојна, побериќетна, поубава година од минатата. Се надевам дека секој наш личен напредок ќе значи напредок и на целата зеедница и државата во целина. Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести и да се среќаваме по убави поводи – рече Пендаровски, кој заедно со сопругата присуствуваше на празничната литургија по повод Божик во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид.

Претседателот на државата Пендаровски заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен вчера ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид, кои беа дел од Бадникова поворка што по седми пат се одржа во Охрид. Пендаровски со божиќни пакетчиња ги даруваше коледарчињата кои го посетија за да му ја најават радосната вест за Христовото раѓање

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...