Иран разгледува 13 одмазнички сценарија

495

Иран разгледуваше 13 „сценарија за одмазда“ поради американскиот воздушен напад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак. Тоа го изјави денеска секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани.

– Американците треба да знаат дека досега е разговарано за 13 одмазнички сценарија, па дури и ако постои консензус за извршување на најлошото сценарио, тоа може да биде историски кошмар за Американците – предупреди Али Шамхани.

Изјавата на Шамхани ја пренесоа западни медиуми повикувајќи се на иранската агенција Фарс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...