Тачи ќе прави коалиција со СДСМ ако тој е вицепремиер и без ДУИ во влада

1046

Мендух Тачи, претседател на владејачката ДПА повтори дека е подготвен да прави предизборна коалиција со СДСМ. За предизборно коалицирање со Зоран Заев, Тачи испорача два услова.

– Првиот услов е ДУИ да не биде дел од следната влада. Вториот е претседателот на ДПА да биде вицепремиер и да има само еден вицепремиер – рече Тачи, објави ТВ21.

Не е првпат Тачи да бара да има еден вицепремиер и тоа да биде тој.

Тачи во 2012 година  изјави дека доколку партијата ги добие следните парламентарни избори и стане дел од владата, тој ќе биде потпретседател на владата задолжен за имплементација на Охридскиот договор.  – Доколку ДПА биде дел од владината коалиција ќе побараме во владата да има само едно место на заменик премиер и јас ќе го земам тоа место – изјави тогаш Тачи, за емисијата „Таргет“ на косовската радио телевизија.

Досега ниту еден лидер на партиите на Албанците кои биле дел од влада не бил на вицепремиерска функција, ниту пак раководел со некое министерство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...