Гинекологот на Мерилин Монро откри шокантна тајна: Актерката му родила ќерка на Џон Кенеди ФОТО

Гладис (53) покренала судска постапка, бидејќи најголемиот дел од својот живот го поминала во уверување дека е далечен потомок на славната актерка.

2898

Тврдењето на гинекологот на познатата актерка Мерилин Монро кој пред многу години рече дека Мерилин после два спонтани абортуса во јуни 1961 родила ќерка би можело да го потврди постоењето на Гладис Бејкер Морис.

Гладис (53) покренала судска постапка, бидејќи најголемиот дел од својот живот го поминала во уверување дека е далечен потомок на славната актерка, поточно ќерка на нејзината родинина Мередит Бејкер.

Сепак, Мередит во март 2014 година на смртна постела и признала на ќерка си дека е усвоена и дека всушнсот е плод на забранетата љубов меѓу Мерилин Монро и Џон Кенеди.

– Ми рече дека Мерилин се плашела дека браќата Кенеди ќе ја убијат и неа и мене ако дознаат за бременоста, така што се породила во тајност и набрзо после раѓањето ме сокрила кај неа – открила Гладис.

Откако ги пронашла документите дека навистина е усвоена, Гладис ја приврушува постапката на докажување на родбинските врски со еден од најинитригантните парови во историјата.

Доколку ДНК покаже дека навистина е ќерка на Мерилин и Џон, се проценува дека ќе добие 100 милиони долари, колку што се проценува богатството на познатата актерка кое годишно се зголемува за неверојатни пет милиони.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...