Адел, британскиот пејач Хари Стајлс и британскиот презентер Џејмс Корден сите заедно уживаат на луксузната јахта.
Славната пејачка Адел заедно со своите пријатели Новата година ја прослави на Карибите.
Социјалните медиуми се преплавени со фотографиите од драстично ослабената Адел, а сега еден келнер решил да се пофали со фотографија од сметката што ја наплатил!
Едно момче Јахуа од барот на плажата, на социјалните мрежи објавил дека добил неочекуван новогодишен подарок од Адел.
Пејачката со Хари и Џејмс и неговото семејство направила сметка во кафулето во износ 400 долари. Сепак, Адел оставила 2492 долари, од кои 2020 долари се, всушност, бакшишот на младиот Јахуа!
Адел на сметката напишала „Среќна Нова година“..
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин