Aдвокатот на Трајковски со совет до судијката-поротник: Не доаѓајте на судските рочишта

„Доколку продолжите да се појавувате на судските рочишта во својство на судија поротник ќе сторите кривично дело лажно преставување согласно член 391 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна“, пишува Страшевски.

893

Адвокатот Јовица Страшевски кој во случајот ТНТ го бани поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски во отворено писмо до судијката-поротник Лилјана Ивановска – Кочковска ѝ советува повеќе да не доаѓа на судските рочишта за било кој предмет во својство на судија–поротник.

„Доколку продолжите да се појавувате на судските рочишта во својство на судија поротник ќе сторите кривично дело лажно преставување согласно член 391 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна“, пишува Страшевски.

Тој се повикува на законски одредби  и ја советува Ивановска – Кочковска да не потпаѓа на било какви притисоци, закани, уцени, ветувања и гаранции.

„Зошто верувајте ми ќе ве искористат, ќе избегаат од вас и ќе ве остават сама да се справите со последиците од вашето незаконско дејствување“, пишува Страшевски.

Тој ја потсетува дека за судија-поротник е избрана на 24 декември 2015 година со мандат од четири години.

„Вашиот мандат согласно Законот за судови престанал на 23 декември 2015 година до 23:59:59 часот. Во член 53 од Законот за судски совет на РСМ е предвидено дека Советот избира и разрешува судии-поротници по предлог на претседателот на надлежниот суд. Во законот за судски совет на РСМ не постои одредба дека Судскиот совет констатира престанок на мандат поради истек на мандатот. Согласно Одлуката на Судскиот совет од 24.12.2015 година и Законот за судови неспорен факт е дека вашиот мандатот е престанат по сила на закон поради истек на времето за кое сте именувани да ја вршите функцијата судија – поротник“, пишува Страшевски.

Тој, како што пишува, очекува наредните денови Ивановска – Кочковска да не доаѓа на судските рочишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...