Германски државјанин и негова пријателка од Италија се приведени синоќа на граничниот премин Богородица бидејќи превезувале три лица од Гана кои имале украдени пасоши.
Како што соопшти полицијата, К.E.(33) од Германија во патничко возило „фолксваген“ со германска национални ознаки превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.
По извршените проверки е констатирано дека патни исправи на тројцата патници биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, а биле набавени во Германија.
„Возачот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, од слобода била лишена и Р.А.(30) од Италија, која била сопатничка во возилото“, стои во соопштението.