Заменската дополнителна министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посети децата од поранешниот дом „11 Октомври”, кои сега живеат во неколку мали групни домови во Скопје.
Како штои соопштија од Министерството за труд и социјална политика, по повод новогодишните и божикните празници, Шкријељ на дечињата им подарила пакетчиња и им посакала да имаат безгрижно детство исполнето со многу љубов, успех и ведра насмевка.
„Со овој процес, над 180 деца кои живееја во сиви и гломазни институции, целосно запоставени и заборавени, за помалку од две и пол години, Министерството за труд и социјална политика, раководено од Мила Царовска и нејзиниот тим, успеа да ги пресели во мали групни домови со семејна атмосфера. Во институциите нема деца, сега сите живеат во топол дом“ стои во соопштението.
Оттаму додаваат и дека нивна цел е децата да го добиваат најдоброто.