По гафот што го направи доплнителната заменик-министерка во Министерството за администрација и информатичко општество, Невенка Стаменковска Стојковска, СДСМ направи шеговито видео во кое ја коментира „гламурозната“ администрација.
Стаменковска Стојковска на вториот ден од назначувањето читајќи пишана изјава за медиумите рече „гламурозна“ наместо гломазна администрација. Овој гаф деновиве се коментира на социјалните мрежи, а беше повод и за шеговитиот „Водич за гламурозна администрација“ на СДСМ.