Пандев и донесе победа на Џенова над Сасуоло

380

Одличен почеток на годината за капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев кој вечерва со гол постигнат во финишот на мечот обезбеди победа за Џенова во дуелот со Сасуоло.

Средбата заврши со резултат 2:1. Џенова поведе преку Кришито од пенал во 29. минута, четири минути подоцна изедначи Обијанг, а решавачкиот момент се случи во 86. минута кога Пандев натрча на една нафрлена топка, а по одбранетиот првичен удар, во пад ја зафати топката со глава и постигна гол за голема радост на домашните навивачи.

Со новите три бода, Џенова не е веќе последна во Серија А. Сега има 14 бода (19.место),  исто колку и Бреша која е 18-та. Најблиски екипи надвор од „зоната на испаѓање“ се Сампдорија и Лече со по 15 бода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...