Откако не е премиер, на Заев преокупација му е новата изборна програма

На програмата веќе се работи под координација на Радмила. Имаме создадено многу убав документ и сакаме сега да го издискутираме со граѓаните и на крајот да го заокружиме како наше ветување, даден збор за граѓаните за следните четири години. Треба да направиме добра селекција на кандидати за пратеници, вели лидерот на СДСМ.

1883

Новиот премиер очекувам да има полна сила, а мојата преокупцијата ќе биде создавање на нова програма за претстојните парламентарни избори, изјави лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев во новогодишно интервју за ТВ 24.

– Нормално јас сум претседател на СДСМ и тоа е Влада предводена од СДСМ. Јас ги пренесов очекувањата до сите институции на државно ниво, но и во централниот одбор на партијата дека очекувам да има полна сила новиот премиер, заради тоа што треба да ја води мојата земја преку извршната власт и да ги максимизира ефектите – изајви Заев.

Нормално, посочи Заев, тука сум да помогнам и мојата преокупцијата ќе биде создавање на нова програма.

– На програмата веќе се работи под координација на Радмила. Имаме создадено многу убав документ и сакаме сега да го издискутираме со граѓаните и на крајот да го заокружиме како наше ветување, даден збор за граѓаните за следните четири години. Треба да направиме добра селекција на кандидати за пратеници, да организираме добри штабови и сето тоа да функционира и да ја зајакнеме партијата, изјави Заев.

Тој нагласи дека новиот предизвик на СДСМ е 50-50 застапеност на жените на своите листи.

– Верувам дека тоа е еден нов квалитет и дека тоа ќе биде причина многу разочарани да излезат да гласаат и да го поддржат тоа – изјави Заев.

 

Новогодишното интервју е снимено во домот на Заеви во Струмица, каде Зоран Заев зборува за поделбата на семејните обврски и децата и извршувањето на политичка функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...