Грк на возраст од 73 години бил пронајден починат на возачкото седиште од автомобилот, на паркинг пред казиното „Принцес“ во Гевгелија.
Од МВР информираат дека вработен како обезбедување во казиното, пријавил дека на паркингот на казиното, во патничко возило „шкода фабија“, со грчки национални ознаки, на возачкото седиште починал К.Г.(73) од Р.Грција.
Тој вчера попладне во 18.30 часот бил затекнат во возилото во лоша здравствена состојба од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа, а по наредба на јавен обвинител, над починатиот ќе се врши обдукција.