Кандидатката за претседател на Хрватска и актуелен шеф на државата, Колинда Грабар-Китаровиќ, денеска околу 11 часот се појави на гласачкото место.
Откако го потполни гласачкото ливче, Колинда над гласачката кутија направи необичен потег со рацете, кој, како што оценија некои медиуми, наликувал на „фрлање магија“.
Инаку, нејзин противкандидат на изборите е Зоран Милановиќ кој во првиот круг на изборите доби повеќе гласови од граѓаните. Резултатот од денешното гласање ќе се знае по 20 часот.