Во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола синоќа било породено првото бебе во вода, метода која за првпат се применува во болница во Македонија, соопштуваат од „Плодност“.
Мајката е од Битола, ова е нејзино прво дете и синоќа, околу 23 часот, на свет донесе женско дете. И мајката и бебето се во одлична состојба.
„Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување. Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа“, се наведува во соопштението од болницата.