Поранешниот прв рекет на светот Каролина Вознијацки потврди дека наскоро ќе стави крај на кариерата. По турнирите во Окленд и Австралија опен, данската тенисерка има намера да заврши со професионално играње.
– Се подготвив за турнирот многу добро, затоа што сакам да завршам на врвот. Сакам да стигнам до финалето. Се надевам дека можам добро да му пристапам на Австралија опен. Долго размислував за мојата кариера. Требаше да погледнам внатре во себе за да разберам дека ова беше вистинскиот момент. Не мислам дека ваквите решенија се лесни. Но, јас разбирам дека ова е вистинскиот избор во моментот. Секогаш ќе бидам горда што станав првиот претставник на Скандинавија, кој стана првиот рекет на светот и освои гренслем турнир. Сега разбирам дека е време да се заврши – вели Вознијацки.