МЖСПП: Дефект на мерачот покажа невалиден податок за енормна загаденост во Гази Баба во изминатите часови

199
epa06406854 Smoke from a factory breaks through the air pollution in Skopje, the former Yugoslav Republic of Macedonia, 27 December 2017. According to reports, the pollution in Skopje is up to ten times over the maximum (PM10 particles) and it's one of the most polluted cities in Europe. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Податоците за квалитетот на воздухот во Гази Баба од 22 часот вчера до 14 часот денеска се невалидни и тие не се одраз на извршени мерења на инструментот за мерење суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во општината, туку се одраз на соодветен код од инструментот кога тој има дефект.

Ова денеска го соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде посочуваат дека поради тоа бил извршен технички зафат врз инструментот за мерење суспендирани честички, односно замена на потрошен материјал (филтер во облик на лента) преку која се врши отчитување на мерените концентрации.

„Извршена е замена на потрошниот материјал и грешката во инструментот е отстранета. Инструментот е пуштен во работен режим, додека податоците од наредните извршени мерења на концентрацијата на ПМ 10 ќе бидат достапни денеска од 15 часот“, истакнуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...