Министерката за труд и социјална политика во техничката влада, Рахела Мизрахи, веднаш по нејзиниот избор, се обрати преку социјалните мрежи.
Преку статус на Фејсбук таа соопшти дека секој орган на државната управа, како дел од извршната власт, е основан за областите и подрачјата кои се од значење за ефикасно остварување на правата и должностите на граѓаните и правните лица.
„Завршува периодот кога четиричлено македонско семејство ќе треба да живее со 17.000 денари. Само со честитост, законитост и меѓусебно почитување може да се постигне тоа. Ние можеме и имаме доволно ресурси да успееме!! Мотивот е огромен, а предизвиците се пред нас“, напиша техничката министерка Рашела Мизрахи на Фејсбук.