Министрите во техничката влада беа кај претседателот

531

Претседателот Стево Пендаровски, вечерва ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, за кои пратениците гласаа доцна попладнево.

„Претседателот Пендаровски, го честиташе изборот на новиот владин состав, и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера“, се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...