Ибрахимовиќ се врати со гол и асистенција за Милан

493

Неколку часа по неговото претставување како фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, го одигра и првиот натпревар за екипата по неговото враќање.

За едно полувреме на теренот попладнево, 38-годишниот напаѓач постигна гол и асистенција во победата од 9:0 над аматерите на Роденезе во контролна, одиграна во базата на „росонерите“. Швеѓанецот реализираше за 3-0 и му асистираше на Хакан Чалханолу за неговиот гол.

Милан играше во шема 4-3-3 со Ибра на врвот на нападот. Чалханоглу и Сусо делуваа по крилните позиции. Тренерот Стефано Пиоли се обложи на цел нов состав за вториот дел од контролната.

Златан веројатно ќе биде носител и за мечот со Сампдорија во понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...