Торта со знакот на ДУИ – роденденска честитка од сопартијците за Ахмети

Лидерот на ДУИ утре ќе наполни 61 година.

691

Со торта со амблемот на ДУИ, пратениците и министрите од партијата денеска му го честитаа роденденот на лидерот Али Ахмети.

Тортата и роденденската честитка била изненадување за лидерот, бидејќи, како што велат пратениците, на Ахмети утре му е роденден, но го искористиле неговото присуство денеска во Собранието за заеднички да го одбележат роденденот.

Ахмети, кој ретко доаѓа во Собранието, денеска беше во законодавниот дом за гласањето на техничката влада. Лидерот на ДУИ утре ќе наполни 61 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...