Димовски до Спасовски: Ви се отвора патот до лидер на СДСМ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на попладневната седница за избор на техничка влада, рече дека по нарачка од Владата, се разрешени седум уредници на медиуми.

808

Господине Спасовски не ви ја честитам функцијата технички премиер затоа што тоа не е за честитање, но ви честитам тоа што откако ќе бидете поразени на изборите на 12 април, ќе ви се отвори патот за да станете лидер на СДСМ, рече во своето обраќање пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на попладневната седница за избор на техничка влада.

Тој рече дека по нарачка од Владата, се разрешени седум уредници на медиуми и му порача на Спасовски да внимава упатувајќи навреди кон „режимот“, затоа што, „половина од пратениците и третина од министрите кои сега се дел од вашиот тим, биле соработници на тој „режим“.

Илија Димовски рече постојат гласини дека дел од министрите на оваа влада, веќе си бараат ангажман во странство, истакнувајќи дека министерката за правда рената дескоска веќе пројавила желба да се „едуцира во Венеција“.

Тој рече дека ќе им честита само на двајцата министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ, кои според своите биографии можеле да се носат „барабар“со целата влада.

– Господине Спасовски, гледам љубите реплики од филмови, па ќе ве упатам да погледнете еден српски филм, лесно ќе може да го разберете, се вика „Сенки над Балканот“. Такво е вашето владеење – рече Димовски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...