Американскиот претседател Доналд Трамп излезе со реакција по американскиот напад во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.
Тој на Твитер напиша дека „Иран никогаш не добил војна, но никогаш не изгубил на преговори“.
Трамп претходно само неколку минути пред соопштението на американските официјалните институции за нападот врз Сулејмани на Твитер објави слика од американското знаме – без притоа да даде коментар.
Во утринскиот напад со американски дронови убиен е генералот Сулејмани, командантот на иранската елитна единица Кудс.