Пендаровски премиерно го даде мандатот за состав на влада, Спасовски стана мандатар (ВИДЕО)

Првпат откако дојде на претседателската функција, Пендаровски го дава мандатот за состав на влада, во случајов на претставник на партијата (СДСМ) чиј кандидат беше на изборите за шеф на државата

569

Во претседателската резидеција на Водно, претседателот Стево Пендаровски му го даде мандатот за формирање на преодната влада на досегашиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој сега треба да ги достави до парламентот предлозите за нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика во парламентот, со што се обезбедува учество на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во владата која се избира сто дена пред предвремните парламентарни избори на 12 април.
Пендаровски, првпат откако дојде на претседателската функција, го дава мандатот за состав на влада, во случајов на претставник на партијата (СДСМ) чиј кандидат беше на изборите за шеф на државата, што се одржаа во април и мај минатата година. Се очекува следниот пат Пендаровски да го даде мандатот за состав на влада на партијата која на изборите на 12 април ќе обезбди апсолутно мнзинство во законодавниот дом. Како што е предвидено со Уставот, тоа би требало да се реализира десет дена по конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која би се одржала најдоцна во почетокот на мај годинава.
Овој парламентарен состав, пак, треба да се распушти околу 12 февруари, со најмалку 61 пратенички глас, по што претседателот на парламентот Талат Џафери треба веднаш да ги распише предвремените парламентарни избори.Од тој момент почнуваатда течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Се очекува во секој момент во Собранието да пристигнат предлозите на Спасовски и околу 16 часот да почне нова собраниска седница за избор на новиот премиер и министри, која би завршила до полноќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...