Уште еден истепан свештеник на СПЦ во Црна Гора

506
БЕСПЛАТНА ФОТО

Протојерејот Мирко Вукотиќ од Српската православна црква (СПЦ) денеска бил физички нападнат пред градската капела во црногорскиот град Никшиќ.

Како што јавуваат српските медиуми, засега непознатиот напаѓач, откако најпрво го опцул, започнал да го удира свештеникот со тупаници по главата. Според очевидците, напаѓачот ги навредувал сите верници од СПЦ.

– Никогаш не сум го видел човекот и не знам за кого станува збор. Кога го прашав кој е и зошто така се однесува со мене, веднаш ми следуваше тупаница – им раскажал Вукотиќ на полицајците кои брзо изреагирале и го привеле напаѓачот.

Ова не е првпат да се случи ваков сличен инцидент во Црна Гора, особено откако се црногорската Влада го донесе новиот Закон за слобода на вероисповест. Минатата недела физички нападнат беше и епископот на СПЦ, г. Методиј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...