Боки 13 се пожали во судот: Ќе штрајкувам со глад , се чувствувам загрозено и понижено

1670

Испратив писма до надлежните институции, вклучувајќи го и обвинителот Љубомир Јовески, зошто откако дадов исказ кај обвинителката Вилма Русковска, почнав да добивам закани за моја физичка ликвидација, рече обвинетиот во предметот „Рекет“ Бојан Јовановски на денешното рочиште, кој како што објавивме претходно, се пожали дека не добил досега од никого одговор.

– Се чувствувам загрозено и понижено. Не ја исклучувам можноста да ги употребам сите демократски права, вклучувајќи протест, штрајк со глад. Укажувам дека, со оглед на мојата здравствена состојба може да биде фатален. Ќе се повикам на членовите 9, 10 и 11 од Уставот кои укажуваат на тоа дека сите треба да сме еднакви, дека е забрането мачење и нечовечно однесување – рече Јовановски.

Тој додаде дека од затворот во Шутка испратил писма до амбасадорката на САД, Кејт Брнс, до евроамбасадорот Самуил Жбогар, до францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и до Хелсиншкиот комитет за човекови права и барал да го посетат во притвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...