Владата даде позитивно мислење за измени на повеќе законски решенија

Меѓу нив се законите за лекови и медицински помагала, за санитарни и здравствени инспекторати, за јавни набавки, за инспекциски надзор и за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

406

Владата на Република Македонија на денешната 65. седница даде позитивно мислење за повеќе измени и дополнувања на законски решенија.

Од владината прес-служба информираат дека е дадено позитивно мислење за повеќе предлог-законски измени и дополнувања меѓу кои на законите за лекови и медицински помагала, за санитарни и здравствени инспекторати, за јавни набавки, за инспекциски надзор и за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија.

За Предлог-измените на Законот за минерални суровини, како што се наведува во соопштението, Владата дополнително ќе се произнесе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...