Владата ќе формира меѓуресорска комисија за Чебрен и Галиште

621

Ќе се формира меѓуресорска комисија со претставници од повеќе министерства и државни претпријатија за продолжување на проектите Чебрен и Галиште, одлучи Владата на денешната 65. седница.

За формирање на меѓуресорската комисија, Владата ги задолжи вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и Министерството за економија.

Како што соопшти владината прес-служба, Информацијата за текот и активностите за проектите ХЕ Чебрен и ХЕ Галиште беше разгледана на предлог на АД ЕЛЕМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...