Заев: Стравувам дека Мицкоски ќе го укине Договорот од Преспа

1358

Заканите на лидерот на опозицијата дека со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го укинел Договорот од Преспа значат укинување на нашето членство во НАТО и запирање на процесот за добивање старт на преговорите со ЕУ. Тоа е спротивно на стратешките интереси на нашата земја и крај на целиот прогрес што го оствари С. Македонија во овие изминати две и пол години, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за порталот „Слободна ТВ“.

– Стравувам дека Мицкоски реално ќе го направи тоа, затоа што има разлика меѓу него и Мицотакис. Мицотакис знаеше дека договорите мора да се почитуваат и спроведуваат, Мицкоски не го вели тоа. Наивно, па дури и глупаво, е да се враќаме назад. Затоа јас велам дека нема да дозволиме да се врати режимот, зашто ништо не покажува дека е изменето нешто кај опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тука јасно и гласно да укажеме дека тоа се штетни политики кои ќе донесат сериозни последици за земјата – рекол Заев во интервјуто, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Тој додал дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и насоката која не води кон иднината.

Заев посочил дека со најавите за брзо формирање на владата во Шпанија е блиску и конечната завршница на ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО и оти останува убеден дека иницијативата за забрзување на соработката на земјите членки на Западен Балкан е чекор напред кој ќе го скуси процесот за членството во ЕУ бидејќи голем дел од обврските што не очекуваат за време на преговорите, ќе бидат решени низ овој процес.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...