Премиерот Зоран Заев претпладнево ја достави својата оставка до Собранието.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, оставката ќе биде доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој потоа ќе треба да го извести претседателот на парламентот Талат Џафери за новиот мандатар.
Потоа, претседателот на Собранието ќе закаже седница на која треба да биде констатирана оставката на премиерот и на други членови на владата и да биде избран новиот состав на техничката влада.
Мандатар ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе бидат Наќе Чулев и Рашела Мизрахи.
Составот на техничката влада треба да биде изгласан до вечерва на полноќ во Собранието, со апсолутно мнозинство. односно со најмалку 61 глас „за“.