Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека Бадник ќе го прослави заедно со православните верници на северот на Црна Гора.
Како што објавија српските медиуми, Вучиќ со овој потег сака да покаже дека сè уште постои единство помеѓу српскиот народ кога станува збор за зачувување на Српската православна црква (СПЦ).
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Вучиќ за посетата на Црна Гора добил благослов од патријархот Иринеј.
Од друга страна, пак, епископскиот Совет на СПЦ во Црна Гора, во кој членува и митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј, соопшти дека српскиот претседател воопшто не е добредојден во нивната држава. Оттаму најавија дека деновиве ќе испратат и официјално писмо до Кабинетот на Вучиќ, преку кое ќе му соопштат на српскиот претседател дека неговото место за Бадник не е во Црна Гора.